ЕЛЕМ ќе гради туристички комплекс Ливадиште

Bez autora
Jun 16 2014

Друштвото за консалтинг "Грант Торнтон консалтинг" од Скопје во наредните седум и пол месеци ќе ја советува државната "ЕЛЕМ" во однос на можноста за изградба на туристички комплекс на местото на постоечкиот автокамп "Ливадиште" во Струга. Оваа консултантска куќа ќе треба да изработи физибилити студија за оправданоста од доделување на договор за јавно-приватно партнерство за изградба на замислениот туристички комплекс. Тие на "ЕЛЕМ" ќе бидат должни да им испорачаат консултантски услуги за посредување во реализацијата на процесот на доделување на договорот. "ЕЛЕМ" од сопствениот буџет за оваа намена издвои 17,7 милиони денари или околу 290.000 евра. Веќе е изработен Извештај за стратегиска оценка на животната средина за урбанистичко-планската документација за локалитетот.

ЕЛЕМ ќе гради туристички комплекс ЛивадиштеДруштвото за консалтинг "Грант Торнтон консалтинг" од Скопје во наредните седум и пол месеци ќе ја советува државната "ЕЛЕМ" во однос на можноста за изградба на туристички комплекс на местото на постоечкиот автокамп "Ливадиште" во Струга, објави порталот "Билт".

Оваа консултантска куќа ќе треба да изработи физибилити студија за оправданоста од доделување на договор за јавно-приватно партнерство за изградба на замислениот туристички комплекс. Тие на "ЕЛЕМ" ќе бидат должни да им испорачаат консултантски услуги за посредување во реализацијата на процесот на доделување на договорот.

"ЕЛЕМ" од сопствениот буџет за оваа намена издвои 17,7 милиони денари или околу 290.000 евра. Веќе е изработен Извештај за стратегиска оценка на животната средина за урбанистичко-планската документација за локалитетот. Ако се остварат овие планови, на брегот на Охридското Езеро ќе се изгради нов комплекс со сместувачки капацитети, објекти за комерцијални и деловни намени, угостителски локали, здравствени установи и објекти за спорт и рекреација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik